Трамп наредил ЦИА да започне тајна операција против Кина?

Сподели со своите пријатели

Во 2019 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ѝ наредил на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да започне тајна операција на кинеските социјални мрежи со цел да го сврти јавното мислење таму против нејзината влада, според поранешни американски официјални лица со директно знаење за високо доверливата операција, пренесува Ројтерс.

Loading...

Според тројцата функционери, ЦИА собрала мал тим оперативци кои потоа ширеле негативни наративи за владата на Си Џинпинг преку лажни профили на социјалните мрежи и испраќале лажни вести до странските медиуми, пренесува Бета.

Тимот на ЦИА ширел наводи дека членовите на владејачката Комунистичка партија кријат незаконски стекнати придобивки во странство и ја нарече кинеската иницијатива „Појас и пат“ корумпирана и расипничка, изјавија извори за Ројтерс.

Додека американските официјални лица одбија да дадат конкретни детали за операциите, тие рекоа дека приказните се засновани на факти и покрај тоа што разузнавачите тајно ги објавувале под лажни идентитети.

Негување параноја

Напорите внатре во Кина имаа за цел да поттикнат параноја меѓу високите функционери таму.

Портпаролката на ЦИА, Челзи Робинсон, одби да коментира за наводното постоење на операцијата, нејзините цели или последици.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека наводната операција на ЦИА покажува дека американската влада ги користи „медиумските платформи како оружје за ширење лажни информации и манипулирање со меѓународното јавно мислење“.

Ројтерс не можеше да го утврди влијанието на тајните операции, ниту дали администрацијата на претседателот Џо Бајден ја продолжи операцијата на ЦИА.

Loading...

Трамп, сега републикански кандидат за претседател, најави дека ќе заземе уште поостар пристап кон Кина доколку биде реизбран за претседател во ноември.