Американскиот претседател Доналд Трамп повторно нападна четири конгресменки со мигрантско потекло од редовите на демократите, обвинувајќи ги дека ја „мразат земјата“, пренесува ВВС.
– Ако не сте среќни и цело време се жалите, можете да одите, тоа се луѓе кои по мое мислење ја мразат нашата земја. Што се однесува до мене, ако ја мразите нашата земја, ако не сте среќни тука, можете да одите и тоа веднаш. Не знам кому ќе недостасувате , рекол Трамп на прес конференцијата пред Белата куќа.
На прашањето дали се грижи што неговит еобјави на Твитер многумина ги гледаат како расистички, тој одговорил негативно.
– Не ме загрижуваат затоа што многу луѓе се сложуваат со мене, навел претседателот на САД.
Трамп вчера изнесе навреди на сметка на конгресменките, нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство и порачувајќи им дека би требало да се вратат во опустошените и осиромашени места од кои што дошле.
Претседателкат ана Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси изјави дека претседателот сака „Америка повторно да ја направи бела“.
фото: Твитер принтскин