Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

Loading...
Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не се објавени детали за условите и спецификите на договорот.

Трамп изјави дека очекува наскоро да се постигне договор со Индија, објави АП.

Американскиот министер за трговија, Хауард Латник, потврди дека договорот со Кина е потпишан претходно оваа недела, додавајќи дека договорот е „потпишан и запечатен“.

Латник изјави за Блумберг ТВ дека договорот е постигнат два дена пред објавата на Трамп.

Договорот доаѓа по првичните разговори во Женева на почетокот на мај, кога двете страни се согласија да ги одложат значителното зголемување на царините што можеше да ги замрзне трговските врски меѓу двете земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пилоти во бомбардерите Б-2: Спиење зад седиштето, амфетамин за издржливост

„Претседателот сака лично да склучува вакви договори. Тој е оној што ги потпишува договорите. Ќе имаме уште договори“, рече Латник.

Иако Кина не објави никакви нови договори, кинеското Министерство за трговија вчера објави дека го забрзува одобрувањето на извозот на ретки земни елементи, кои се клучни за производство на високотехнолошки уреди како што се електричните возила.