Трамп на вечера со Нетанјаху: Хамас е подготвен да прифати прекин на огнот во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп, на вечера со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изрази верување дека палестинскиот Хамас е подготвен да прифати прекин на огнот во Појасот Газа.

Loading...

„Тие сакаат состанок и го сакаат тој прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите на почетокот на вечерата.

Кога беше прашан што го попречува мировниот договор, Трамп рече дека не мисли дека има застој и „мислам дека работите се движат многу добро“.

Трамп, кој вели дека е решен да ја заврши војната во Газа, се сретна во Белата куќа со израелскиот премиер во услови на индиректни разговори меѓу Израел и Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Најмалку 1.060 загинати во војната со Израел

Во исто време, Бенјамин Нетанјаху објави дека го номинирал американскиот претседател за Нобелова награда за мир, предавајќи му го писмото што го испратил до норвешкиот комитет.

„Додека зборуваме, тој (Трамп) го враќа мирот, земја по земја, регион по регион“, рече Нетанјаху.

Израелската армија утрово објави дека пет војници се убиени во борбите на север од Појасот Газа, каде што војната трае од октомври 2023 година.