Трамп му се закани на Зеленски: „Гледам дека се обидува да се повлече. Ако го направи тоа, ќе биде во неволја“

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди својот украински колега Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за минерални суровини бидејќи може да биде „во голема неволја“.

Loading...

„Гледам дека тој се обидува да се повлече од договорот за минерални суровини. И ако го направи тоа, ќе биде во неволја. Ќе има големи, големи проблеми“, рече синоќа Трамп.

Американскиот претседател врши притисок врз Зеленски да потпише договор со кој им се дозволува на американските компании да ископуваат украински минерали додека се преговара за договор за прекин на огнот меѓу Украина и Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран им се закани на Американците: „Ќе развиеме нуклеарно оружје ако не нападнете“

„Се договоривме за тоа, а сега тој вели дека сака повторно да преговара. Тој сака Украина да стане членка на НАТО. Значи, тој никогаш нема да биде членка на Алијансата и тој го разбира тоа. Затоа сега бара повторно преговарање“, рече Трамп.

Претседателот на Украина во петокот вечерта изјави дека од САД добил нова верзија на договорот за стратешка експлоатација на украинските минерални суровини, што, според медиумските извештаи, е многу неповолно за Украина.

По повеќе од три години војна во Украина, Трамп сака да стави крај на конфликтот.

За таа цел, тој стави крај на дипломатската изолација што Западот му ја наметна на рускиот претседател Владимир Путин по почетокот на руската инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Украинскиот напад на станицата Сужа е извршен по наредба од Лондон

Неговата администрација се залага за брз прекин на војната и води индиректни разговори со руски и украински претставници.

Loading...

Овие разговори досега не доведоа до никаков конкретен пробив.