Трамп: Му дадов на Иран 60-дневно предупредување, денес е 61-виот ден

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Си-Ен-Ен дека Соединетите Американски Држави го поддржуваат Израел и ги оцени нападите врз Иран претходната ноќ како „многу успешен напад“.

„Секако дека го поддржуваме Израел, очигледно, и го поддржавме како никој друг“, рече Трамп во краток телефонски повик за Си-Ен-Ен.

„Иран требаше да ме послуша кога им кажав – не знам дали знаете, но им дадов 60-дневно предупредување, а денес е 61-виот ден“, додаде тој.

„Сега треба да седнат на преговарачка маса и да постигнат договор пред да биде предоцна. Ќе биде предоцна за нив. Знаете, луѓето со кои преговарав се мртви, тие тврдокорни“, рече претседателот. Т

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ја зголемува заштитата на еврејските и израелските институции

ој не прецизираше на кои луѓе мисли.

Кога го прашаа дали тие луѓе починале како резултат на израелскиот напад претходната ноќ,

Трамп саркастично одговори: „Тие не умреа од грип; тие не умреа од ковид“.