Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди нападот на џамијата во египетскиот регион Северн Синај, во кој според последните податоци убиени се 235 луѓе, нарекувајќи го кукавички терористички напад на невини верници во Египет.
– Светот не може да толерира тероризам. Мораме да ги поразиме воено и да ја дескредитираме екстремистичката идеологија која прави база на нивното постоење, напиша Трамп на Твитер.
Horrible and cowardly terrorist attack on innocent and defenseless worshipers in Egypt. The world cannot tolerate terrorism, we must defeat them militarily and discredit the extremist ideology that forms the basis of their existence!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 24, 2017
Loading...
Агенцијата АП наведува дека Трамп овој твит го објавил додека бил на еден од неговите терени на Флорида и играл голф со Тајгер Вудс и Џастин Џонсон.
Агенциите претходно известуваат дека е во прашање бомбашки и вооружен напад на џамијата Ал Раудах, како и дека напаѓачите пристигнале со четири возила.
Во џамијата во Бир ал Абед, западно од градот Ариш, во моментот на нападот се молеле приврзаниците на локалните безбедносни сили, пренесува Ројтерс повикувајќи се на двајца очевидци и безбедносен извор.
235 мртви во терористички напад во Египет (вознемирувачки снимки)
Египетските медиуми известуваат дека експремистите пукале на луѓето кои бегале од џамијата.
Портпаролот на Министерството за здравство рече дека екстремистите детонирале бомба при нападот, пренесува АП.
АП наведува дека ова е последен во низа напади на екстремистите во таа област, повикувајќи се на Исламската држава.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.