Трамп лично му предал писмо од Меланија на Путин

Сподели со своите пријатели

За време на средбата со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп му предаде писмо од неговата сопруга Меланија.

Loading...

„Претседателот Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивните разговори во Алјаска“, според извештајот на Ројтерс.

Според Ројтерс, писмото го покренува прашањето за тешката положба на децата во Украина.

Извори од британската агенција не ја открија точната содржина на писмото.

Меланија Трамп не учествуваше во патувањето, но одлучи да му се обрати на рускиот претседател во писмо.

За потсетување, историската средба меѓу Трамп и Путин се одржа во Алјаска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Путин испрати двојник на средбата со Трамп?