Тимот на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп размислува за продолжување на директните разговори со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, со надеж дека новиот дипломатски притисок ќе го намали ризикот од вооружен конфликт, пренесува Ројтерс повикувајќи се на неименувани извори.
Извори запознаени со ова прашање објаснија дека неколку членови на тимот на Трамп забележале дека тој има јасна намера да ги обнови односите што ги воспостави со севернокорејскиот лидер за време на неговиот прв претседателски мандат.
Според извори на Ројтерс, Трамп рекол дека „дискусиите за политиката се течни и нема конечни одлуки“.
Транзицискиот тим на Трамп не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
За време на неговиот прв претседателски мандат од 2017 до 2021 година, Трамп одржа три средби со Ким Џонг Ун – во Сингапур, Ханој и на границата меѓу двете Кореи.