Трамп: Ќе објавиме тајни документи, се ќе откриеме

Сподели со своите пријатели

Инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп е закажана за 20 јануари.

Loading...

Тој ќе се врати во Белата куќа откако официјално положи заклетва како 47-ми претседател на САД.

За време на неговиот политички митинг во неделата, пред неговата инаугурација во Вашингтон, Трамп даде ветување што, во најмала рака, поттикна многу духови во САД.

„Ветувам. Сè ќе откријам на првиот ден од мојот мандат“, рече Трамп за време на своето обраќање на митингот.

Имено, идниот американски претседател вети дека ќе ја објави и отвори архивата за атентатот на Џон Кенеди, поранешниот американски претседател, кој беше убиен во Далас во 1963 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Забраната на ТиТок: Кина ги повика САД да го слушнат „гласот на разумот“

Ова ветување беше едно од клучните моменти од неговиот митинг, каде што илјадници Американци чекаа на студ и снег да го видат Трамп.

„Како прв чекор кон враќање на транспарентноста и одговорноста пред владата, ќе ги прекласифицираме владините доверливи документи. Во наредните денови ќе ги објавиме преостанатите доверливи документи поврзани со атентатот на претседателот Џон Кенеди, како и неговиот брат Роберт Кенеди, Мартин Лутер Кинг и други документи кои предизвикуваат голем јавен интерес. Сè ќе биде објавено“, вети Трамп.

За потсетување, инаугурацијата треба да се одржи на пладне по американско време на 20 јануари, што е 18 часот по наше време.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД дадоа согласност за нов руски амбасадор во Вашингтон

Поради опасниот поларен вител што му се заканува на Вашингтон и делови од земјата, таа беше преместена во затворен простор.