Трамп: Ќе имаме состанок со Русија, па потоа ќе видиме

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе донесе одлука за притисок врз Русија и нови санкции по посетата на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва.

Loading...

Тој им изјави на новинарите во Белата куќа во вторник, објави CNN.

„Утре ќе имаме состанок со Русија. Ќе видиме што ќе се случи. Потоа ќе ја донесеме оваа одлука“, рече американскиот претседател во вторник.

Денот пред најавената посета на Виткоф, Трамп разговараше по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски за потенцијални санкции против Москва, според луѓе запознаени со разговорот, според CNN.

Во извештај од состанокот објавен на социјалните мрежи, Зеленски рече дека тие санкции би можеле „многу да променат“ кога станува збор за руската економија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп без одговор на прашањето дали ја поддржува израелската анексија на Газа

Зеленски, исто така, рече дека разговарале за зголемување на американската вооружена поддршка за Украина, финансирана од сојузниците на НАТО, политика одобрена од Трамп минатиот месец.

Специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, слета во Москва рано утрово откако Кремљ побара средба со него во последен обид да избегне нови санкции што Трамп се закани дека ќе ги воведе оваа недела, соопштија извори запознаени со ситуацијата, според Си-Ен-Ен, како што објави „Телеграф“.