Трамп: Ќе го заменам „Обамакеар“ со многу подобра алтернатива

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го замени Законот за пристапна нега, попознат како „Обамакеар“, со „многу подобра“ алтернативна програма.

Loading...

„Обамакер е прескап и не обезбедува добра здравствена заштита“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.

Тој додаде дека ќе излезе со „многу подобра и поевтина алтернатива“.

„Луѓето ќе бидат среќни, а не тажни“, рече Трамп, кој е кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија на изборите во 2024 година.

По неколку неуспешни напори во Конгресот за укинување на Обамакер и бројните изгубени правни битки, републиканците во голема мера се откажаа од тоа.

Меѓу другото, „Обамакеар“ обезбеди здравствено осигурување за околу 20 милиони Американци, а на осигурителните компании им е забрането да одбиваат да ги осигуруваат граѓаните со хронични здравствени проблеми.