Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска се пофали со личните врски што ги изградил со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговиот мандат, нагласувајќи дека Америка тогаш била „безбедна“.
„Ким Џонг Ун е многу паметен, многу тежок, но му се допаднав и многу добро се согласував со него и тогаш бевме безбедни“, рече Трамп за време на митингот во Индијанола, Ајова, пред првото гласање за номинација на републиканците.
Тој верува дека направил „одлична работа“ во воспоставувањето поблиски врски со Ким, иако односите меѓу двете земји претходно беа затегнати.
За време на неговиот мандат во Белата куќа од 2017 до 2021 година, Трамп и Ким се сретнаа дури три пати, иако сериозниот дијалог меѓу двете страни беше закочен по самитот без договор во Ханој во февруари 2019 година, потсетува јужнокорејската агенција.