Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им ја продолжи на уште 90 дена привремена лиценца со која им дозволува на американските компании да прават бизнис со кинеската компанија „Huawei“.
Американската влада го стави на списокот „Huawei“ во мај со образложение дека претставува ризик за националната безбедност, забранувајќи ги американските компании да продаваат технологија на кинеска компанија без одобрение од владата, пренесува АП.
Како што се наведува во одлуката, се однесува на продажба на технологија и трансфери потребни за функционирање на постојните мрежи и услуги.
Секретарот за трговија, Вилбур Рос, рече дека проширувањето на ограничувањето ќе им овозможи на ваерлес компаниите постојано да нудат услуги во оддалечените делови на САД, бидејќи поголемите компании не користат опрема за „Huawei“, туку само помалите.
Сепак, и покрај санкциите, искористени се бројни дупки во регулативата, и така американските компании продолжуваат со снабдувањето на чипови на Huawei направени надвор од САД.
Huawei е најголемиот светски производител на опрема за мрежно поврзување за телефони и интернет компании и бренд број два на пазарот на паметни телефони.