Трамп изрази жалење за болеста на Бајден и му посака брзо закрепнување

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење за веста дека поранешниот претседател Џозеф Бајден има рак, посакувајќи му брзо закрепнување.

Трамп испрати топли поздрави и најдобри желби до сопругата на Бајден, Џил, на својот профил на Truth Social.

„Меланија и јас сме тажни што слушнавме за медицинската дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли и најдобри желби на Џил и семејството, а на Џо му посакуваме брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп.

На Џозеф Бајден му е дијагностицирана „агресивна форма“ на рак на простата, соопшти неговата канцеларија во неделата, додавајќи дека ракот се проширил на неговите коски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп се среќава со британскиот премиер по кралската вечера