Loading...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и Израел и Иран го прекршиле прекинот на огнот на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.
Тој додава дека нуклеарните капацитети на Иран се „исчезнати“ и вели дека Техеран никогаш нема да ја обнови својата нуклеарна програма.
Потоа рече дека „не е задоволен од Израел и Иран“.
Да потсетиме дека рано утрово Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но потоа двете страни испукаа нови ракети.
Наскоро повеќе…