Трамп: Иран не прифати инспекции ниту запирање на збогатувањето на ураниумот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека Иран не прифатил инспекции на својот нуклеарен програм, ниту, пак, обостување на процесот на збогатување на ураниум.

Loading...

Трамп им изјавил на новинарите за време на летот со „Air Force One“ дека верува оти нуклеарниот програм на Иран моментално е во прекин, но додал дека Иран има можност повторно да го активира на друга локација, пренесува Reuters.

„Иран не прифати инспекции, ниту се откажа од збогатувањето на ураниум“, изјави Трамп, нагласувајќи дека и покрај моменталниот застој, загриженоста за евентуално продолжување на иранските нуклеарни активности и натаму постои.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брисел загрижен поради планот на човекот на Трамп: „Со Путин сака да ја разедини Европа“

Трамп, исто така, откри дека за нуклеарната ситуација со Иран ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета на Белата куќа во понеделник, пренесува Танјуг.