Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека има „голема победа“ во сојузната држава Невада, бидејќи членовите на комисијата во округот Кларк одбија да ги потврдат резултатите од изборите за окружната комисија.
Комисијата за округот Кларк, која управува со областа Лас Вегас, ги потврди резултатите од изборите на 3 ноември, освен окружниот комесар за една област, каде што разликата е 10 гласа, односно каде демократот Рос Милер доби 76.456 гласа, а републиканецот Ставрос Ентони 76.576. гласови, појаснува Њујорк пост.
Официјалниот претставник во изборниот процес во округот Кларк, Џо Глорија рече дека се откриени неразбирливи несогласувања, што може да предизвика сомневање за толку мала разлика во гласовите.
Трамп на Твитер напиша дека претставниците на округот Кларк не веруваат во сопствената изборна безбедност.
„Големо влијание“, порача Трамп.
Тој претходно објави дека во Пенсилванија стапката на отфрлени гласачки ливчиња пристигнати по пошта е 30 пати помала оваа година отколку на изборите во 2016 година.
„Затоа ги држеа нашите набљудувачи подалеку од „светите“ соби за пребројување на гласовите“, напиша Трамп.
Тој додаде дека и Џорџија не дозволува проверка на автентичноста на потписите на пликоата.
„Без тоа, пребројувањето е бесмислено“, порача Трамп.
Пандорка Арсовска-Гацова