Трамп: Имам намера да се сретнам со Ким Џонг Ун, тој е паметен човек

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера повторно да се поврзе со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Loading...

„Сакам, да“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретна три пати за време на неговиот прв претседателски мандат.

Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, го нарече севернокорејскиот лидер „паметен човек“.

„Се сложував со него. Тој не е религиозен фанатик“, рекол американскиот претседател, пренесува Танјуг.

Трамп постојано изјавуваше дека имал добри односи со Ким за време на неговиот прв мандат, иако нивните нуклеарни разговори на крајот пропаднаа во 2019 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Путин е подготвен за контакт со Трамп, Москва чека сигнали

Тој, исто така, постојано укажува дека сака да ја врати дипломатијата со Северна Кореја.

Неколку часа по преземањето на функцијата во понеделникот, Трамп ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“ и рече дека верува оти Ким треба да биде среќен поради неговото враќање на американското претседателство.