Трамп и Зеленски разговараа по средбата меѓу Путин и Виткоф во Москва

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека денес имал телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата на американскиот специјален претставник Стив Виткоф со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Loading...

„Ставот на Украина е сосема јасен, војната мора да заврши. И мора да има фер крај“, изјави Зеленски на својот профил на мрежата X по разговорот со Трамп.

Тој додаде дека во разговорот учествувале и европски сојузници и дека темата на разговорот била средбата меѓу Виткоф и Путин во Москва.

„Украина сигурно ќе ја брани својата независност. На сите ни е потребен траен и сигурен мир. Русија мора да ја заврши војната што ја започна. Ви благодарам на сите што ја поддржувате Украина“, рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп планира средба со Путин следната недела?

Трамп претходно денес објави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

На својот профил на мрежата TruthSocial, тој изјави дека ги информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите нив дека војната во Украина мора да заврши.

„Мораме да работиме на тоа во наредните денови и недели“, рече Трамп.

Порано денес, Белата куќа објави дека средбата меѓу Виткоф и Путин поминала добро, но дека Вашингтон сè уште планира да воведе санкции врз Москва во петок.

Loading...

„Русите сакаат да го продолжат разговорот со Соединетите Американски Држави. Очекуваме новите санкции да бидат воведени во петок“, рече претставникот на Белата куќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски побара од Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија

Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин порано денес во Москва, а помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека на средбата биле разгледани украинската криза и перспективите за можен развој на стратешка соработка меѓу САД и Русија.

Средбата, како што изјави Ушаков, била многу корисна и конструктивна.

Тоа беше петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.

Последните две посети беа на 11 и 25 април, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.