Трамп и Зеленски ќе се сретнат во Давос

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе се сретнат денес во 13 часот во Давос, објави Ројтерс.

Порано денес, портпаролот на Зеленски објави дека Зеленски е на пат кон Давос, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Светскиот економски форум.

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, треба да се одржи денес, а како што е наведено, таа средба треба да се одржи во 19 или 20 часот по московско време, или во 17 или 18 часот по централноевропско време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија одбива да го потпише договорот на Трамп за „Одборот за мир“

На двајцата во Москва ќе им се придружи зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.

Зеленски претходно оваа недела изјави дека се откажал од патувањето во Швајцарија по масовниот руски напад, кој остави делови од Украина без вода и електрична енергија поради суровата зима.