Трамп и Меланија му оддадоа почит на папата Франциск во Рим (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, заедно со неговата сопруга Меланија, доцна синоќа пристигна во Рим за да присуствува на погребот на папата Франциск, кој почина во понеделник на 89-годишна возраст како последица на мозочен удар, пренесува Ројтерс.

Loading...

Иако најави можни средби со светски лидери на маргините на настанот, Трамп во авионот рече дека средбите за време на погребот на папата би биле „непочитувачки“, но додаде дека ќе „види многу луѓе“.

По пристигнувањето во Рим, Трамп повика на мировни преговори на „многу високо ниво“ меѓу Русија и Украина, наведувајќи дека страните се „многу блиску до договор“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Не успеав да ѝ купам подарок на Меланија за роденден. Ќе ја носам на вечера со Air Force One

Средбата со поранешниот претседател Џо Бајден, кој исто така присуствува на погребот, беше оценета од Трамп како нешто што „не е на списокот со приоритети“.

Се очекува на погребот да присуствуваат повеќе од 50 светски лидери, меѓу кои и претставници на Франција, Обединетото Кралство, Шпанија, Унгарија и Аргентина.

Меѓу присутните е и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој отпатува во Рим со сопругата Олена.

 

Loading...