Трамп: Хамас ќе биде разоружан, доколку е потребно и со сила

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека палестинското милитантно движење Хамас ќе биде разоружано и, доколку е потребно, со сила.

– И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме и тоа ќе се случи брзо и можеби насилно, но тие ќе бидат разоружани – рече Трамп на средбата со претседателот на Аргентина, Хавиер Мајли.

Тој не прецизираше на кого точно мислеше кога рече „ние“.

Хамас досега одбиваше да го предаде своето оружје.

Трамп не сакаше да зборува за точниот рок за евентуално разоружување, но изјави дека тоа треба да се случи прилично брзо, „во разумен временски период“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ѝ се закани на Шпанија: Размислувам да ги казнам за она што го направија

Еден ден претходно, Трамп се обрати во израелскиот парламент, Кнесетот, каде што изјави дека многу земји на Блискиот Исток сакаат да видат разоружување на Хамас.

Непосредно пред тоа, за време на летот за Израел, им рече на новинарите кои го следеа дека неговата администрација привремено го одобрила вооружувањето на Хамас, бидејќи организацијата се обидува да воспостави ред по месеци воени конфликти.

– Тие навистина сакаат да ги спречат проблемите и беа отворени за тоа прашање, а ние им дадовме дозвола за одреден временски период, – рече Трамп, пренесува ДПА.