Полскиот претседател Карол Навроцки разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп за упадите на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, изјави функционер во кабинетот на Навроцки, Марцин Пжидач, додавајќи дека Полска има силна поддршка од американската страна.
„Америка цврсто ја потврдува својата посветеност на сојузничката поддршка на Полска, пренесува Танјуг“.
Во оваа смисла, претседателот Трамп рече:
„Ние сме со Полска, нè обврзува сојуз, а Полјаци, не плашете се од ништо, ако нешто ја загрозува вашата безбедност, тогаш мора да реагираме“, рече Пжидач за разговорот меѓу двајцата лидери.
Според неговите зборови, Трамп ги пофали и способностите на полските војници, нивната реакција и одлуката да соборат руски беспилотни летала, пренесува ПАП.
Тој, исто така, истакна дека постои можност за зголемување на бројот на американски војници во Полска, но за тоа се потребни конкретни акции, вклучително и соработка на полското Министерство за одбрана и Министерството за надворешни работи.
Претходно денес, јужнокорејската мисија во ОН објави дека Полска побарала состанок на Советот за безбедност на ОН поради повреди на воздушниот простор, јавува Танјуг.
Полска во среда пријави најмалку 19 неовластени упади на руски беспилотни летала, од кои неколку биле уништени, наведувајќи дека беспилотните летала влегле во земјата од Белорусија.
На барање на Полска, НАТО се повика на Член 4 од Северноатлантскиот договор за да започне консултации меѓу земјите-членки на Алијансата во врска со нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала.