Трамп го пофали Маск, најави заедничка прес-конференција

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го пофали милијардерот Илон Маск, чиј мандат во неговата администрација завршува денес во 13:30 часот по локално време, и најави дека ќе одржи заедничка прес-конференција со него.

Loading...

„Ова ќе биде неговиот последен ден, но не навистина, бидејќи тој секогаш ќе биде со нас, помагајќи ни на секој начин. Илон е одличен“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа TruthSocial, објави Ројтерс.

Маск во среда објави дека се повлекува од функцијата во Белата куќа како раководител на Одделот за владина ефикасност, кој е задолжен за намалување на федералните трошоци, давајќи им на инвеститорите на Тесла одредено олеснување откако акциите на компанијата паднаа оваа година, делумно поради негативните реакции поради неговата поддршка за Трамп и десничарските партии во Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската ФДА одобри вакцина против коронавирус на Модерна за лица над 65 години

Покрај тоа, тој неодамна вети дека ќе троши помалку пари за политика, откако потроши речиси 300 милиони долари за претседателската кампања на Трамп минатата година, како и за други републикански кандидати.

Маск претходно објави дека Одделот за владина ефикасност ќе продолжи да работи во рамките на владата и рече дека верува оти неговата мисија „само ќе станува посилна со текот на времето“.

Одлуката на Маск дојде еден ден откако тој изјави дека е „разочаран“ од законот за трошење што републиканците во Претставничкиот дом го усвоија минатата недела, а кој беше поддржан од Трамп, пренесува Танјуг.