Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали неодамнешниот воен напад на Израел врз Иран како „одличен“ и наговести за понатамошни дејствија.
Претседателот Доналд Трамп го коментираше израелскиот напад на ABC News во петокот.
„Мислам дека беше одлично. Им дадовме шанса, а тие не ја искористија. Тие беа силно погодени (Иран), многу силно. Тие беа погодени приближно толку силно колку што ќе бидете и вие. И ќе има уште. Многу повеќе“, го цитираше Трамп новинарот на ABC на X.
Iзраелската армија издаде соопштение во кое се наведува дека нуклеарната централа во Натанц претрпе значителна штета, но и дека ликвидирале повеќе од 20 команданти во Иран.
Израелскиот напад започна ноќта од четврток кон петок, 13 јуни 2025 година, а операцијата беше наречена „Нација што се крева како лав“.