Трамп го осуди нападот во Франција

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди „ужасниот напад“ на југот на Франција каде џихадист уби четири лица и во порака до францускиот колега Емануел Макрон наведе дека САД се на страната на Франција.

– Мислиме и се молиме за жртвите на ужасниот напад во петок во Франција. Со вас сме, навел Трамп на Твитер.

Трамп додаде дека осудува секакви насилни акции на напаѓачот и на секој кој му прижил помош.

Вооружениот напаѓач Радуан лакдим вчера најпрвин украл автомобил и отворил оган врз полицијата во Каркасон, а потоа зеде заложнисци во супермаркет во нападот кај блискиот град Треб на југот на Франција.

За време на спасувачката криза, полицаецот Арно Белтрам понудил тој да биде заложник во замена за ослободување на заробените во супермаркетот, но тешко е ранет со огнено оржује пред антитерористичката единица на полицијата да го убие напаѓачот.

Полицаецот потоа им подлегнал на повредите.

Французинот Лакдим (25) имал мароканско потелко, рекол дека е војник на Исламската држава која набргу презеде одговорност за нападот. Полицијата подоцна со претрес во неговиот дом пронашла џихадистички пропаганден материјал.

Во Франција во 2015. година во терористички напади страдаа над 240 лица.

Leave a Reply