Новоизбраниот претседател Доналд Трамп најверојатно ќе го смени директорот на Тајната служба и ќе го назначи Шон Куран за шеф на агенцијата, јавува ABC News, повикувајќи се на неименувани извори.
Loading...
Каран, кој моментално служи во одделот за безбедност на Трамп, се очекува да го замени вршителот на должноста Роналд Роу, кој беше назначен на оваа позиција летово.
Роу беше назначен за вршител на должноста директор на агенцијата откако Кимберли Читл поднесе оставка во јули 2024 година и откако агенцијата не успеа да спречи обид за атентат врз Трамп на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, пренесува Танјуг.