Трамп го нарече кинескиот претседател генијален и брилијантен човек

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот го пофали кинескиот претседател Си Џинпинг, нарекувајќи го „брилијантен човек“.

Loading...

Во изјавата за Фокс њуз, Трамп го опиша Си како исклучително интелигентна личност која со „железна тупаница“ управува со кинеското население од 1,4 милијарди.

„Помислете на претседателот Си. Централна фигура, генијален човек. Знаете, кога велам дека е брилијантен, сите велат: „Ох, тоа е страшно“, рече Трамп.

За време на неговите четири години во Белата куќа, Трамп беше познат и по тоа што ги пофали лидерите како што се рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, додека најмногу ги критикуваше традиционалните сојузници на САД како француските и канадските лидери.