Трамп ги повика своите приврзаници на митинг во Вашингтон на 6 јануари

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика своите приврзаници да се соберат во Вашингтон на 6 јануари во последен обид да извршат притисок врз Конгресот да не ја одобри победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Loading...

Илјадници демонстранти се очекуваат во главниот град на САД на тој датум да изразат поддршка за претседателот во заминување и неговите обвинувања за масовни изборни измами на 3 ноември.

Се очекува да присуствуваат и членови на крајнодесничарската „Прауд бојс“. Тие учествуваа на сличен протест на 12 декември, но притоа неколку лица беа прободени со нож, а десетици приведени.

За време на викендот, Трамп на Твитер објави неколку пораки и ги повика своите приврзаници да учествуваат на митингот, нарекувајќи ги изборите „најголемата измама во историјата на нашата нација“.

Златко Шумковски

Leave a Reply