Трамп ги поништува документите потпишани со автоматско пенкало за време на мандатот на Бајден

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп изјави во вторникот дека ги поништува сите документи, вклучително и помилувањата, за кои тврди дека неговиот претходник Џо Бајден ги потпишал со автоматско пенкало, во невиден потег за обид да ги поништи одлуките на претходниот претседател врз основа на она што правните експерти го нарекуваат неодржлив аргумент.

Автоматското пенкало е механизам што точно го реплицира потписот на лицето и се користи за голем број документи или церемонијални акти.

Претседателите од Републиканската и Демократската партија го користеле за потпишување писма и прогласи.

Според правните експерти, уставот на САД не бара претседателот лично, со своја рака, да ги потпишува повеќето документи за да бидат правно важечки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откажан состанокот меѓу Зеленски, Виткоф и Кушнер

Федералните закони, исто така, не предвидуваат механизам со кој претседателот може да ги поништи помилувањата на претходникот.

Трамп и неговите сојузници изнесоа разни неосновани тврдења дека употребата на автоматско пенкало за време на мандатот на Бајден ги компромитирала неговите документи или сугерирала дека Бајден не бил свесен за тоа што потпишува.

Не е познато дали механизмот бил користен за помилувања.

„Сите кои добиле „помилувања“, „коммутации“ или кој било друг правен документ потпишан на овој начин, ве молиме знајте дека наведениот документ е целосно ништовен“, напиша Трамп на Truth Social.

Пред да ја напушти Белата куќа во јануари, Бајден издаде повеќекратни помилувања, вклучително и на членови на неговото семејство, како и ублажувања на казни за лица осудени за ненасилни прекршоци поврзани со дрога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најави напади врз територијата на Венецуела

Одлуката на Трамп не влијае на помилувањето на Хантер Бајден, за кое беше потврдено дека е потпишано со обично пенкало.

Меѓу клучните имиња што Бајден ги помилува се пензионираниот генерал Марк Мили, членовите на комитетот што го истражуваше нападот врз Капитол на 6 јануари и поранешните републикански претставници Лиз Чејни и Адам Кинзингер.

Употребата на механички фотокопири датира од времето на Томас Џеферсон

. Министерството за правда под администрацијата на Џорџ В. Буш претходно утврди дека автоматското пенкало има иста правна тежина како и потписот на претседателот.

Обидите за поништување на помилувањата поради употребата на уредот се сметаат за правно неодржливи, бидејќи уставот дури и не бара помилувањето да биде во писмена форма, а камоли потпишано, според „Гардијан“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги суспендирани барањата за виза за овие 19 земји