Трамп денеска ја завршува турнејата на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска ја завршува својата турнеја на Блискиот Исток во Обединетите Арапски Емирати, каде што учествуваше на појадок со бизнис лидери и ја посети Куќата на Авраам, место за собирање именувано по Авраамските договори.

Loading...

Израел и Обединетите Арапски Емирати склучија, со посредство на американската администрација, Договор за нормализација на односите во 2020 година, таканаречен „Аврамов договор“, пренесува АП.

ОАЕ го изградија тој религиозен центар по дипломатското признавање на Израел според Аврамските договори, со оглед на тоа што христијанството, исламот и јудаизмот се познати Аврамски вери.

За време на посетата на Трамп на ОАЕ, „Етихад ервејс“ објави дека ќе купи 28 авиони од „Боинг“.

„Етихад“ е државната авиокомпанија на Абу Даби, која прави долги патувања помеѓу Истокот и Западот.

„Етихад“ објави дека продажбата ќе ги вклучи авионите 787 и 777X на Боинг, со мотори на GE и пакет услуги за поддршка. Боинг не коментираше за договорот.

Трамп требаше да се обрати на деловен состанок во Абу Даби, на последниот ден од неговата турнеја на Блискиот Исток, за време на која ги посети и Саудиска Арабија и Катар, кои потпишаа и значајна нарачка со Боинг за неговата авиокомпанија „Катар ервејс“, пренесува Танјуг.