Трамп денес ќе ги посети американските трупи во Катар, а подоцна оди во ОАЕ

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да се обрати пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, која беше главен полигон за обука за време на американските војни во Ирак и Авганистан и ја поддржуваше неодамнешната воздушна кампања на САД против Хутите поддржани од Иран во Јемен, објави АП.

Loading...

Како што е најавено, пред да им се обрати на војниците, Трамп ќе учествува на тркалезна маса со бизнис лидери, вклучувајќи ги и високите раководители на „Боинг“, „ЏЕ Аероспејс“ и „Ал Рабан Капитал“.

Трамп подоцна денес ќе отпатува за Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, на последната етапа од неговата повеќедневна турнеја на Блискиот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп пиеше чај со поранешниот лидер на Ал Каеда, за чија глава САД нудеа 10 милиони долари

Во ОАЕ, Трамп ќе ја посети Големата џамија Шеик Зајед, најголемата џамија во земјата, во чиј главен двор е погребан основачот на ОАЕ, Шеик Зајед.

Трамп ќе биде пречекан од претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед ал Нахјан, во вечерните часови во палатата Каср ал Ватан.

Трамп пристигна во Ријад во вторник како дел од неговата турнеја низ регионот на Персискиот Залив, која трае од 13 до 16 мај, а од Ријад вчера отпатува за Катар.

Патувањето вклучува посети на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, што е прва голема посета на Трамп во странство по неговата втора инаугурација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп патува во Емиратите на разговори за развој на вештачката интелигенција