Трамп: Би можел да ја завршам оваа страшна војна во Украина во рок од 24 часа

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина трае речиси една година. Илјадници животи се изгубени, секој ден пристигнуваат вести за ужасите на војната и уништувањето…

Loading...

Но, таа состојба не треба да трае. Само јавете се на Доналд Трамп.

– Да бев претседател, војната меѓу Украина и Русија никогаш немаше да се случи. Дури и сега во овој момент, ако бев претседател, ќе можев да преговарам за крај на оваа ужасна и брзо ескалирана војна во рок од 24 часа. Тоа е толку трагично губење на човечки животи – рече Трамп преку социјалната мрежа Truth Social.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

Претходно оваа недела тој се осврна на одлуката на администрацијата на Бајден да испрати моќни тенкови Абрамс во Украина.

Тој смета дека тоа може да резултира со руска употреба на нуклеарно оружје…

– Прво одат тенкови, а потоа следи нуклеарно оружје. Крај на оваа луда војна. Веднаш. Толку е лесно – рече Трамп.

И републиканскиот конгресмен Трој Нелс верува дека завршувањето на војната е лесно. Ти треба само Доналд Трамп.

– Ако навистина сакаме да ставиме крај на оваа војна, Џо Бајден, јавете се на Доналд Трамп. Трамп ќе му се јави на Путин и ќе стави крај на оваа војна. Мора да ја запреме војната и Трамп може да го постигне тоа – изјави конгресменот од Тексас.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната