Едно повредено лице и неколку приведени е билансот од синоќешниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ кој се одржа и во Куманово.
Инцидентот настанал во центарот на градот, каде на протест се приклучиле и трактористи од селото Пчиња. Според информациите од очевидци, инцидентот настанал кога претседателот на Општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски излегувајќи од зградата на поранешен Комитет, каде е лоциран штабот на партијата нападнал еден од трактористите. Наводно до инцидентот дошло кога Костовски бил испровоциран, по што упатил вербални напади кон трактористот, а потоа и физички го нападнал, најпрвин со шлаканица, а потоа и боксови.
Од здобиените повреди, трактористот, жител на село Пчиња завршил во кумановската болница, а на лице место веднаш се појавила полицијата, која го привела првиот човек на СДСМ Куманово.
Од партијата најавија повеќе детали и реакција за денешниот ден.
Loading...