Во Полициската станица Крива Паланка било, вчера околу 09.00 часот пријавено дека на некатегоризиран пат во селото Горно Варовиште, кривопаланечко, на место викано „Санде-Калина“, трактор со приколка, управуван од М.Ц. од истото село, се превртел и приколката ја поклопила Р.Ц.(74), која била сопатник на тракторот. Р.Ц. починала на местото на настанот.
Како што информираат од Министерството за внатрешнир аботи, возачот М.Ц. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствен дом – Крива Паланка.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Image by Dimitris Vetsikas from Pixabay