Трактор усмрти 72-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и двегодишен кумановец вчера загинал извршувајќи земјоделски работи.

Loading...

– На 04.11.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во с.Канарево, кумановско, Т.М.(72) од Куманово, при изведување земјоделски работи, бил прегазен од тракторот додека откачувал плугови од него, и починал на местото на незгодата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply