Трактор и плевна гореле во селото Речица

Сподели со своите пријатели

Вкупно четири помали интервенции бележат припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Една од посериозните интервенции била на запален трактор и плевна во атарот на селото Речица. На терен излегле петмина пожарникари со едно возило и со огнот се бореле од 18:45 до 19:55 часот.

ВО два наврати, на две посебни локации биле гаснати и запалени стрништа. Првата интервенција на запалено стрниште ја имаат забележано во атарот на селото Пчиња во период од 12:20 до 14:20. На терен излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Втората интервенција на запалено стрниште пак била во населбата Железничка станица. Пожарнот го гаснеле тројца пожарникари во период од 13:!5 до 13:50 часот.

Бележат и интервенција на запалена сува трева и тоа кај наплатната рампа на автопатот Куманово – Скопје. На локализирање ан огнот учестувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 19:40 до 21:05 часот.