Деветстотини милиони денари, Владата претходната недела одобри за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, рече денеска Весна Трајковска од Општинската организација на СДСМ.
Како што истакна таа, овие средства ќе бидат наменети за да се исплатат финансиски средства за заостанати обврски од Програмата за финансиска поддршка наа земјоделството за 2019 година.
– За предадено млеко кај регистрирани откупувачи и тоа исплата за финансиски средства за период од октомври 2018 година до септември 2019 година; предадени овошни и градинарски култури во преработувачки капацитети; финансиска поддршка за органско произвотство како и за подрачја со ограничени можности, исплата на финансиски средства од останатите мерки, изјави Трајковска.
Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, според Трајковска, на сметките на 6 755 сточарите исплатила над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза.
– Средставата од оваа мерка се свеж капитал кој треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката, рече Трајковска.
Никола Ивановски