Трагедија во Судан: Најмалку 1.000 жртви на лизгање на земјиште

Сподели со своите пријатели

Најмалку илјада луѓе ги загубија животите во катастрофално лизгање на земјиштето во планините Мара во западен Судан, соопшти Движењето/Армијата за ослободување на Судан (SLM/A), кое го контролира регионот.

Loading...

Според нив, неколкудневните обилни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во неделата кое целосно го уништи селото Тарасин. Само едно лице ја преживеа трагедијата, објавува BBC.

Движењето апелираше до Обединетите нации и други меѓународни и регионални организации за итна хуманитарна помош.

Бегство во планините

Многу жители на Северен Дарфур веќе побараа засолниште во планините Мара, бегајќи од војната меѓу суданската армија и паравоените сили што ја уништува земјата со месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина повика на мултиполарен свет: Кои се клучните пораки од самитот?

Оваа катастрофа дополнително ја влоши веќе тешката хуманитарна ситуација во регионот, каде што голем број луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови дури и пред катастрофата.