Во судир на автобус и камион кој превезувал дрва, кој се случи вчера во централна Русија, загинаа најмалку 14 лица, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Сообраќајната полиција во рускиот регион Мари Ел соопшти дека до судирот дошло во близина на главниот град на тој регион, Јошкар Оле, пренесува Ап.
Во болница биле префрлени шест лица, меѓу кои и едно дете, од кои сите се во сериозна состојба, наведува Тас, повикувајќи се на локални извори, додавајќи дека две лица останале заглавени во минибусот.
Гувернерот на Мари Ел, Александар Јевстигнејев за „Росија24“ вели дека втобусот преминал во спротивна лента обидувајќи се да претекне друго возило, шти што удрил во камионот.
Полицијата претходно наговестува дека една од пирчините за несреќата би можеле да бидат и временските услови, со оглед на тоа дека во таа област претходно биле забележани и врнежи од снег.