Трагедија во Индонезија: Училиште се урна додека децата се молеа. Има загинати и ранети!

Сподели со своите пријатели

Училишна зграда се урна во понеделник во Индонезија. Најмалку еден ученик загина, а 65 се закопани под урнатините.

Спасувачите доставуваат кислород и вода до оние кои се заробени повеќе од 12 часа, а се очекува бројот на жртви да се зголеми.

Ним им се придружија полицијата и војската, кои ги пребаруваа урнатините цела ноќ.

Досега успеаја да спасат осум ученици.

Станува збор за исламскиот интернат „Ал Хозини“ во градот Сидоарџо, кој се урна додека учениците се молеле.

Тие се претежно момчиња од седмо до единаесетто одделение, на возраст меѓу 12 и 17 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Имам во џамија во Шведска: Ако жената е непослушна, треба да биде удирана. Но, не премногу силно

Семејството и пријателите се собираат во близина на урнатото училиште, како и пред болниците, надевајќи се дека спасувачите ќе ги пронајдат децата живи.

– Доставуваме кислород и вода до оние кои се уште се заробени под урнатините и ги одржуваме во живот додека работиме напорно за да ги извлечеме. Тешките бетонски плочи и други остатоци и нестабилните делови од зградата ги попречија напорите за пребарување и спасување – рече Нананг Сигит, службеникот за пребарување и спасување кој ја водеше операцијата, пишува The Guardian.

Портпаролот на покраинската полиција, Жил Абрахам Абаст, тврди дека учениците се молеле во зградата, која била во процес на неовластено проширување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хутите ракетираa холандски брод; Има повредени

Вкупно 99 ученици биле повредени. Многу од нив претрпеле повреди на главата и фрактури.

Ученичките се молеле во друга зграда и успеале да ја избегнат трагедијата.

Властите велат дека го истражуваат случајот.