Трагедија на Филипините: 15 лица загинаа во несреќа на ферибот

Сподели со своите пријатели

Во несреќа на ферибот на југот на Филипините, најмалку 15 лица загинаа, 316 лица се спасени, а во тек е потрага по 28 лица кои се водат како исчезнати, соопшти денес Филипинската крајбрежна стража.

Во соопштението се вели дека фериботот „MV Tricia Kerstin 3“ бил на пат кон Џоло во покраината Сулу кога се случила несреќата, пренесува Ројтерс.

Во времето на несреќата, на бродот имало 332 патници и 27 членови на екипажот.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снежна бура во Германија, прекината наставата во некои училишта

Командантот на Филипинската крајбрежна стража Ромел Дуа изјави дека во тек е истрага за да се утврди причината за несреќата.

Според него, во потрагата по исчезнатите се вклучени воени авиони и бродови.