Територијалната противпожарна единица Куманово добива ново засилување – уште едно противпожарно возило од Австрија, овој пат преземено од доброволната противпожарна служба во Серфаус.

Возилото TLF 2000, како што информираат од службата во Серфаус, беше свечено предадено на 6 декември, а во наредниот период ќе служи во Куманово, надградено во спасувачко возило со дополнителна опрема.

За кумановските пожарникари беше спроведена и практична обука во Австрија, на која детално беа покажани сите можности на возилото.

Гостите од Македонија го посeтиле и скијалиштето во Серфаус, а во рамките на посетата, бил организиран и ручек во планинскиот дом Seealm Hög, со што дополнително се зацврстила пријателската соработка меѓу двете служби.

Делегацијата од Куманово заминала кон Оберндорф, каде што презела уште едно возило од Тирол, по што се упатила на околу 2.000 километри долг пат назад кон Македонија.

Ова е второ вакво возило што Куманово го добива од австриската покраина Тирол во последните месеци.
Претходно, градот доби противпожарно возило со мобилна скала со должина од 32 метри, која беше донација од покраината Тирол и која веќе активно е во служба на ТППЕ Куманово.



Никола Ивановски

