Тошковски на средба со Дачиќ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Куманово денеска ќе пречека делегација од Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Loading...

Делегациите ќе остварат билатерална средба во 11.00 часот во просториите на СВР Куманово по што ќе следуваат изјави.

Неофицијално, во текот на денот, Дачиќ средба ќе оствари и со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје