Торнадо го опустоши Бразил: Неколку мртви и над 100 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадото што синоќа опустоши дел од селото на југот на Бразил.

Временската катастрофа ја погоди сојузната држава Парана, објавија локалните власти. Тие додадоа дека има над 100 повредени лица, а материјалната штета е огромна.

„Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу“, се вели во соопштението испратено до агенцијата АФП.

Снимките на социјалните мрежи јасно го покажуваат обемот на оваа временска катастрофа.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголема хуманитарна катастрофа во светот: Што се случува во Судан?