Топлотен бран во Австралија: Температурите ноќе над 27 степени

Сподели со своите пријатели

Јужните делови на Австралија се на врвот на овогодинешниот прв топлотен бран.

Loading...

Како што пренесува Гардијан, во Аделаида температурата во текот на ноќта била 27,4 степени целзиусови, додека Викторија ја имала најжешката ноќ во последните четири години.

Утрото во Аделаида донесе температура од 38 степени.

Издадени се предупредувања за топлотен бран за Јужна Австралија, Викторија, Тасманија, Нов Јужен Велс и изолирани делови од Западна Австралија. Температурите се очекуваат од 8 до 16 степени над просекот.

Додека во текот на денот се очекуваат највисоки температури помеѓу 37°C и 41°C на северот и западот на Мелбурн и Викторија, се предвидува промена на времето да донесе дожд со удари на ветер до 90 km/h во среда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во Келн, едно лице повредено, полициска акција во тек

Силниот ветер и силните грмотевици може да претставуваат опасност за локалните жители, соопштија локалните синоптичари.

 

Loading...