Топлината на океаните придонела за „чудни временски услови“, открива студијата

Сподели со своите пријатели

Во период на интензивна климатска криза, неверојатно високите температури на океаните измерени во 2023 година придонесоа за „чудно време“ ширум светот, откриваат новите научни податоци.

Loading...

Океаните апсорбираат 90 отсто од топлината ослободена од емисиите на јаглерод од согорувањето на фосилните горива, што ги прави океаните најочигледен показател за глобалното затоплување, пишува Гардијан.

Во светските океани во 2023 година биле измерени рекордно високи температури, а податоците покажале дека во последната деценија океаните биле потопли секоја година од претходната година, тврдат научниците.

Зголемените температури, исто така, доведоа до рекордни нивоа на раслојување на температурата на водата во океаните, бидејќи топлата вода на површината сè помалку се меша со поладна вода на поголеми длабочини.

Овој феномен го намалува количеството на кислород во океаните и го загрозува морскиот живот, а исто така го намалува количеството на јаглерод диоксид и нивото на топлина што океаните и морињата можат да ја апсорбираат во иднина.

Веродостојните мерења на температурите на океаните започнаа во 1940-тите, но веројатно е дека океаните сега се најтопли во последните 1.000 години и се загреваат побрзо од било кое време во последните 2.000 години.

Службата за климатски промени Коперник објави дека 2023 година е дефинитивно најтоплата година досега и веројатно најтоплата во последните 100.000 години.

– 2023 година беше исклучителна, а климатските рекорди паднаа како домино. Не само што 2023 година е најтоплата година досега, туку е и прва година во која сите денови биле барем 1 степен потопли отколку во прединдустрискиот период. Температурите во 2023 година веројатно ќе ги надминат температурите во кое било време во последните 100.000 години, изјави во вторникот Саматна Бургес, заменик директор на службата за климатски промени на Европската унија Коперник.

Loading...