Актерот Том Круз чека специјална мисија „Вселенско-филмска“, која многумина ги остави во шок.
Имено, со поддршка на Илон Маск, ѕвездата од филмскиот серијал „Невозможна мисија“ е подготвена да полета, заедно со режисерот Даф Лиман, со цел да снимаат кадри за сè уште неименуваниот филм.
Како што се наведува, Круз и Лиман следната година навистина ќе патуваат на Меѓународната вселенска станица во капсулата „Axiom Space Crew Dragon“,сопственост на Маск, а чиј проект е поддржан од НАСА.
https://www.instagram.com/p/B-fYBm7DYyZ/?utm_source=ig_embed
Доколку проектот навистина продолжи, тоа ќе биде првиот филм некогаш направен во вселената.
НАСА првпат објави во мај минатата година, кога администраторот напиша на Твитер:
„НАСА е возбудена што работи со Том Круз на филм на вселенската станица! Потребни ни се популарни медиуми за да инспирираме нова генерација инженери и научници да ги реализираат амбициозните планови на НАСА”.