Толкувањето на бројот 666 го открива вистинското потекло на Сатаната? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот (жиг) на ѕверот – 666, кој се споменува во Библијата, можеби на историчарите им дал трага за вистинскиот идентите на Сатаната.

Loading...

Професроката по антички религии на Медитеранот при Универзитетот Корнел, Ким Хејнс Ајцен, експерт за рано христијанство и ран јудизам, света дека жигот на ѕверот, е споменат во Книгата за отрковението, можел да се однсува на одредена личност, односно на римскиот император Нерон.

Таа својата теориска претпоставка ја изнела во документарната серија „Приказната за Бог“, која ја игра актерот Морган Фриман.

Според нејзините зборови, иако последниот дел од Новиот завет, кој опишува денови на апокалипса, се смета за религиска и пророштвена книга „полна со симболика“, тоа исто така е и „многу политичка книга“.

– Во книгата може да се најдат политички тврдења за причината на злото или за оној кој за него е одговорен. Силни се аргументите врз основа на кои може да се тврди дека бројот 666 се однесува на Нерон – римскиот император кој владеел од 54 до 66 година од нашата ера, вели професрката Хенс Ајцен, истакнувајќи дека, ако на името на царот Нерон се додадат нумеричките вредности, потоа се собера, се добива резултатот 666.

Таа исто така, навела дека во некои верзии на книгата како број на ѕверот се наведува и 616, што, како што вели, претставува втор доказ на нејзината теорија.

– Можеби сте помислиле дека овој број ја соборува теоријата дека Нерон би можел да биде тој. Всушност е обратно. Запрепастувачки е дека тоа би можело да биде дополнителна потврда. Имено, тој број се добива кога името на Нерон, односно конструкцијата – цар Нерон, ќе ја прочитата на начин својствен за латинскиот јазик, рекла професроката Ким Хејнс Ајцен.

Leave a Reply